Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

t

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови.

МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав се избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.

За почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.

Од Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на унапредување на науките и уметностите.

Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата. Со успешното завршување на 21-то Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во нашата држава, стои во соопштението од Академијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрани нови членови на Македонската академија на…

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија…

(Видео) Поповски: Мицкоски не кочи, најлош извештај…

Најновиот извештај на Европската Комисија е најлошиот…

Tрамп го прими Орбан во Белата куќа:…

Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека унгарскиот…

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе…

Факултетот за ветеринарна медицина во Белград почнува…

Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во…