ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти, а храната и основните производи продолжуваат да удираат по џебот на граѓаните, објави Трудбеник, синдикалниот весник на Сојузот на синдикати на Македонија.
– Во споредба со октомври лани, цените на храната и безалкохолните пијалаци се зголемени за 7 проценти. Најголем удар има кај овошјето со скок од 21 %, месото и маслото се поскапи за речиси 10 %, лебот и житариците за 5,5 %, а кафето, чајот и какаото – дури за 26 %.
Синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари, што е зголемување од 7 % во однос на минатата година истиот месец октомври кога изнесувала 61.249,00 денари, зголемување за 4.295,00 денари, но без реално зголемување на платите оваа бројка е само уште еден доказ дека граѓаните тонаат во сиромаштија.
Од ССМ остро реагираат:
– Крајно време е надлежните да сфатат дека со оваа скапотија тешко се живее! Работниците се исцрпени, платите не стигнуваат ниту за основни потреби. Наместо да бидеме пример во регионот, остануваме на дното!,
-Мислам дека можевме да бидеме лидери во регионот со зголемување на плати, веројатно ќе бидеме на опашката, бидејќи сите најавија драстично зголемување и на минималната и на сите останати плати во регионот порача претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов .
Потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски , додава:
– Владата мора да се соочи со реалноста и да ја натера бизнис-заедницата да ги зголеми платите. И во јавниот и во приватниот сектор! Нашето барање за 500 евра минимална плата веќе е застарено – ќе излеземе со ново, повисоко барање кое ќе одговара на реалните трошоци на животот.
ССМ порачува: „Работниците не можат повеќе да го плаќаат товарот на кризата. Време е за зголемување на платите – веднаш!“ – стои во објавата на Трудбеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ: Бараме раст на платите веднаш!
На годишно ниво инфлацијата изнесува 4,5 проценти,…
Газдите имаат и до 10.000 евра профит…
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,…
Борбата за национална слобода е и борба…
ЧЕСТИТКА ОД ССМ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА…
Повторно порасна минималната синдикална кошничка
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
ССМ: Газдите лажат кога вешат „ако се…
*Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати…