Дали скандалот во Агенцијата за поддршка на земјоделството ќе се одрази врз ИПАРД средствата
Дали скандалот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој може да влијае и врз ИПАРД 3 програмата односно средствата кои земјата ги добива од ЕУ . Опозицијата и денеска дирекно со обвинувања на адреса на власта но и министерството за земјоделие и бараат одговорност . Поранешниот министер за земјоделство од редовите на СДСМ вели дека по овој случајот се доведуваат во прашање 128 милиони евра и дека според нивните сознанија, ЕУ планира стопирање на ИПАРД 3 програмата во земјава.
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски пак не гледа никаква опасност за средствата од ИПАРД програмата и националните плаќања кои ги има државата но направи дистинкција дека како што рече агенцијата е посебно тело кое нема врска со министерството за земјоделство и апелираше институциите до крај да го истражат случајот . Лична одговорност не гледа во овој случај.
Инаку сето ова доаѓа откако Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈОГОКК и одреди мерка притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и за уште три лица, како и куќен притвор за петтосомничената.
Петте осомничени лица, беа лишени од слобода во акција спроведена од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и МВР, а Обвинителството побара притвор. Според акцијата на МВР и обвинителството, постои основано сомнение дека првосомничениот сторил кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда, а едно лице сторило кривично дело Примање поткуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…