(Видео) Се чисти кејот на Вардар и се поставуваат канделабри на плоштадот ,,Македонија“, информира градоначалникот Ѓорѓиевски

t

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.

-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар; Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот ,,Македонија”.

Најдоброто, доаѓа! – објави Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук.

Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашбата градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.

Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.

Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се чисти кејот на Вардар и…

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук…

Градоначалникот на Загреб со осуда на славењето…

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, остро го…

Грабнале жена, ја тепале, па откако се…

Две лица од дебарско се осомничени дека…

Екипите на „Улици и патишта“ во акција…

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ –…

ЕУ до кандидатките: изберете страна пред членство…

Пораката од Брисел е недвосмислена: земјите што…