Инцидент на Бензинска во Кавадарци: Приведена е ваташанка која со 1,95 промили алкохол во крвта дивеела во објектот

t

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Утрово, во 06:30 часот (сабота, 8 ноември 2025), полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К. (28) од село Ваташа поради инцидент на бензинска станица во градот. Според СВР Велес, осомничената со недолично и дрско однесување кон вработените го нарушила јавниот ред и мир и туркала предмети во објектот. По интервенција на полицијата, таа продолжила со агресивно однесување и кон службените лица.

При преземените мерки, кај Е.К. биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица, а по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава. До правосилна одлука важи претпоставката на невиност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…

Франција вриe: Стотици училишта затворени, судири со…

Франција се соочува со нов бран ученички…

Русија систематски ги гаѓа мостовите преку Днепар…

Русија втор ден по ред ги напаѓа…

Дизелот во Британија за првпат над 2…

Енергетската криза што со месеци се развива…