Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

t

Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.

Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.

И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот…

Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен…

Ѓорѓиевски: За 72 часа собрани 4,5 илјади…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше за…

Косово започна да прозведува воени и цивилни…

Косово го направи првиот чекор кон создавање…

Родителите на загинатите од „Пулс“ со повик…

Низ солзи и со длабока болка, родителите…