Зеленски: Кралот Чарлс влијаеше врз Трамп повеќе да ја поддржи Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека британскиот крал Чарлс III одиграл клучна улога зад сцената, охрабрувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп да биде поактивен во поддршката на Украина.
Зеленски во интервју за „Гардијан“ изјави дека ситуацијата се променила благодарение на кралот по неговата напната расправија со Трамп во Овалната соба на Белата куќа во февруари, за време на која имало несогласување меѓу двајцата претседатели. Клучниот момент, според украинскиот лидер, се случил за време на втората државна посета на Трамп на Велика Британија во септември, кога се сретнал лично со кралот Чарлс.
„Не ги знам сите детали, но разбирам дека Неговото Височество испратило важни сигнали до претседателот Трамп“, рече Зеленски, истакнувајќи ја големата почит на Трамп кон британскиот монарх. Украинскиот претседател особено ја пофали поддршката на кралот за Украина, опишувајќи го како „многу чувствителен кон Украинците“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…