(Видео) Вучиќ разговарал со Дијана Хрка, мајката што штрајкува со глад: Загрижен сум за нејзиното здравје
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека е загрижен за здравјето на Дијана Хрка и пратеникот Углеша Мрдиќ, кои штрајкуваат со глад, и изјави дека разговарал со нив по телефон и ги замолил да го прекинат штрајкот со глад. Во видео објава на Инстаграм, Вучиќ рече дека ја поканил Хрка на состанок во Претседателството.
„Утрово разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, а ја поканив и г-ѓа Хрка во Претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје и се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, рече Вучиќ во објавата.
Дијана Хрка, чиј син почина при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од недела, 2 ноември, барајќи да се утврди одговорност за смртта на нејзиниот син и другите жртви од уривањето на настрешницата.
Пратеникот на Српската напредна партија (СНС) Угљеша Мрдиќ единаесетти ден штрајкува со глад пред Домот на Народното собрание, заедно со пет ветерани кои го поддржаа во барањето надлежното обвинителство да ги уапси поранешниот претседател на Собранието на акционери на Инфраструктурата на српските железници, Небојша Бојовиќ, и поранешниот извршен директор на таа компанија, Милутин Милошевиќ, за нивната одговорност за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…