Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста, велат од Министерството за финансии
Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии.
Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, велат од Министерството.
Во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе преземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.
Се додава дека Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски во текот на денот на прес-конференција изјави дека одлуката за суспендирање стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови.
Оваа суспензија, како што појасни, опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици.
Mинистерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, изјави дека Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата и додаде дека ќе продолжи борбата против корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителката Поп Трајковски: Цената за заобиколување на…
„Почнува судење не само против обвинетите, туку…
Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…
Државниот завод за ревизија изрази мислење без…
Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…
Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…
Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор…
Вработената во Министерството за земјоделство – Јасмина…
Одобрени обвинителните акти за полициски службеници поврзани…
Советот за оценка на обвинителен акт, при…