Мицкоски негираше дека се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК: Се ќе истражиме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства.
Error5
– Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во Охрид.
Премиерот Мицкоски рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.
– Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен. Кој сака нека биде, рече Мицкоски.
Министерството за финансии вчера соопшти дека преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, Македонија донела одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Како што беше појаснето, ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.
Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.
РС Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски негираше дека се блокирани средствата за…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата…
Ако градоначалникот има докази за злоупотреби, нека…
Ако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има…
Хорор: Мизерни услови за штипските студенти –…
Студентите сместени во домот „Браќа Миладиновци“ во…
Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка?…
Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е…
Истрага за запуштање и малтретирање на бебе…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…