Малтретирано и удирано со тупаници шестмесечното бебе од страна на неговата 23 годишна мајка
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена од Ржаничино, осомничена за кривичното дело Запуштање и малтретирање на дете по член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, на 9 ноември во вечерните часови, осомничената грубо ја занемарила својата мајчинска должност, физички го малтретирала и го запуштила својот шестмесечен син. Изнервирана што бебето плачело, мајката го удирала со раце и тупаници во пределот на устата и носот, нанесувајќи му видливи повреди со крварење.
Повредите ги забележале сопственикот на домот каде што престојувала жената и нејзина пријателка. Тие веднаш го однеле бебето на лекарски преглед. На Клиничкиот центар биле констатирани повеќе свежи повреди – контузии и хематоми – како и постари подливи кои укажуваат на претходно физичко насилство. Дополнително, лекарите утврдиле дека детето од раѓање не било носено ниту на прегледи ниту на вакцинации, со што, според обвинителството, мајката се обидувала да го прикрие насилството.
Поради опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Детето-жртва, за кое не е познат другиот родител, е згрижено преку Центарот за социјални работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малтретирано и удирано со тупаници шестмесечното бебе…
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е…
Дрон за ПР може да лета и…
Дронот што ги снимаше панорамските кадри од…
Снопче: Национално предавство е кога некој им…
Пратеникот од редовите на едното од трите…
Мицкоски негираше дека се блокирани средствата за…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата…
Ако градоначалникот има докази за злоупотреби, нека…
Ако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има…