И покрај негодувањето на Мицкоски сепак Влен ќе добие двајца нови министри?

t

Бидејќи Меџити стана градоначалник, а беше министер за животна средина и вицепремиер, Фетаи предлага во владата да влезат двајца нови членови од Вреди.

Во Коалицијата Вреди сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали – изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата.

– Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение – рече Фетаи.

На новинарско прашање за вчерашното соопштение на Вреди во кое имало критика за министерката за образование и наука Весна Јаневска поради настанот што се случи во Тетово и како напредува со изучување на македонскиот јазик, Фетаи вели дека министерката сама се обратила до јавноста во однос на овој настан.

– Таа кажа дека тоа беше моментална реакција и се извини за истиот настан. Јас можам да кажам дека 35 години живеев надвор и затоа не го знам македонскиот јазик, не сум го учел во училиште, но немам никаков проблем кога ќе го научам македонскиот јазик да се обратам на тој јазик. Мене не ми смета ниту еден јазик, течно говорам четри до пет јазици – додаде Фетаи, кој потврди дека почнал со изучување на македонскиот јазик.

Прашан каква е состојбата во Македонија во моментов и како државата се справува со корупција и кои се најголемите закани, Фетаи изјави дека главните проблеми кои, како што рече, исто така се дел од Извештајот на ЕК се во однос на криминалот и корупцијата, односно судството кое со години нема кредибилитет во однос на решавање на судските процеси за криминал и корупција на високо ниво.

– Вториот предизвик со кој се соочуваме е кризата во Државната комисија за спречување на корупцијата на Република Македонија (ДКСК), односно настаните што се случија таму и кои не можевме да ги решиме додека не завршат локалните избори. Трет предизвик со кој се соочуваме на кој треба да работиме е реформите во правосудниот систем. Реформи во правосудството, во судството, промена на Кривичниот законик, на начин што ќе се доближиме до добрите пракси на ЕУ – изјави Фетаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…

42- годишна жена од Штип вчера пријавила…

За одредени пациенти имало и до осум…

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…

Германска банка под истрага поради финансирање на…

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…

Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…