Сега ќе видите бетонизација: Предвидена изградба на 727 нови станови – расте бројот на одобренија за градба
Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика.
Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7. 124. 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 314 објекти, на 229 (72.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69 411 м2.
Во септември 2025 година:
Најмногу одобренија за градење, 220, се издадени за високоградба
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 98
За изградба се предвидени 727 станови
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…
Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)
Родена е во градот Иконија од родители…