Сиљановска не се согласува со Извештајот на Европската комисија: Спорно е тоа што техничката оценка се презентира низ политичка призма

t

Во извештаите што Европската комисија ги има за нас многу почесто е присутна политичката димензија отколку техничката. Ова го изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го Извештајот за напредокот на земјава кој Европската комисија го презентираше минатата недела. Таа најави дека на седницата на Советот за евроинтеграции во Собранието има намера да се појави и да ги каже своите забелешки.

„Технички може и да напредувате, но политички може да сте блокирани или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Мислам дека овој вториов елемент е проблематичен и спорен“, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.

Во делот на правосудството, за кое во Извештајот директно беше нотирано дека финансиската независност е проблем во однос на целосно остварување на независноста, а воедно беше посочено и дека постојат влијанија врз судството како форма на притисок кој исто така се одразува на нејзината независност. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека се што е наведено за овој сектор е во согласност со реалноста.

„Она што ние го кажувавме и јас лично го истакнував цело време, тоа се фактите, недостасуваат човечки ресурси, недостасуваат материјални, така што она што го констатирала Комисијата е и наше видување. Работиме со јавно обвинителска служба од една третина што значи околу 360 вработени а ни требаат околу 1.126 и минатата година 24-та и 25-та оваа година и за наредната година од страна на Министерството за финансии не ни се дозволува ниедно вработување“, изјави Коцевски.

Извештајот на Европската комисија беше презентиран минатата недела при што еврокомесарката Марта Кос за Македонија рече дека нема напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска не се согласува со Извештајот на…

Во извештаите што Европската комисија ги има…

Турското обвинителство побара казна од над 2.000…

Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во…

„Политико“: Европа бележи најголем прилив на украински…

Бројот на украински државјани на кои им…

15 годишно дете ја земало колата на…

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне…

Началник на Генералштабот на Франција: Се подготвуваме…

Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили,…