ВРЕДИ ја зголемува цената: По изборниот успех, утре на средба со Мицкоски ќе бараат повеќе позиции во извршната власт

t

По официјализирањето на изборните резултати и постигнатиот успех на изборите, коалицијата ВРЕДИ започнува поактивна улога во дефинирањето на идната владина структура. Според партиски извори, за утре е закажана клучна средба меѓу раководството на ВРЕДИ и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на која се очекува да биде отворено прашањето за распределбата на моќта во извршната власт, објави 4NEWS.mk

Извори од коалицијата за 4NEWS.mk брифираат дека ВРЕДИ ќе настојува да ја зајакне својата позиција во однос на првичните договори или понуди. Сметајќи дека нивниот изборен резултат им дава легитимитет за позначајно учество, тие на маса ќе стават барање за поголем број на ресори, односно повеќе позиции во владиниот кабинет и во второстепените и третостепените функции.

Целта на ова, како што се наведува, не е само зголемување на бројот на функции, туку и обезбедување на клучни сектори преку кои ВРЕДИ ќе може директно да ги спроведува своите програмски определби.

Утрешната средба се смета за прв сериозен тест за кохезијата на идната владина коалиција. Останува да се види дали Мицкоски ќе биде подготвен да ги прифати овие барања за да обезбеди брзо и стабилно формирање на новата Влада или, пак, ќе следуваат подолги и потешки преговори за секое министерско и директорско место.

Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германска банка под истрага поради финансирање на…

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…

Екс премиерот Ковачевски контра Филипче: „Имала среќа…

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на СДСМ,…

Пет активни пожари во земјава, огнот зафати…

Во Македонија до 13 часот денеска се…

Цените на нафтата паѓаат трет ден по…

Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет…