Дијана Хрка: Навикната сум да бидам повеќе гладна отколку сита, можам да издржам подолго отколку што многумина мислат
Дијана Хрка, чиј син Стефан е една од 16-те жртви на уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, единаесетти ден штрајкува со глад во близина на Народното собрание, а лекар ја посетил утрово. Имено, таа се чувствувала слабо вчера, но сè уште не се откажува од штрајкот. Во моментов не е можно да се дознаат повеќе детали за нејзината здравствена состојба, објавува РТС.
„Навикната сум да бидам повеќе гладна отколку сита, можам да издржам подолго отколку што многумина мислат“, изјави вчера Дијана Хрка за Фонет.
Таа рече дека инсистира на исполнување на своите барања, а не на празни муабети. „Институциите сè уште не си ја работат работата. Топката само се префрла помеѓу обвинителството и претседателот на државата“, рече Дијана Хрка.
Дијана Хрка започна штрајк со глад на 2 ноември, барајќи вистина и одговорност за смртта на нејзиниот син и уште 15 други при уривањето на настрешница, ослободување на сите студенти уапсени за време на протестите и распишување на предвремени парламентарни избори. Од другата страна на оградата, во шаторскиот град нема собири на поддржувачи на владата, а полицијата стои покрај оградата како и во претходните денови. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека неговата молба до Дијана Хрка сè уште важи и дека направил сè што е во негова моќ за да помогне да се запре агонијата на една жена за таа да не го загрози своето здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дијана Хрка: Навикната сум да бидам повеќе…
Дијана Хрка, чиј син Стефан е една…
Вучиќ: Не го продаваме просторот каде што…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…
Вучиќ за разговорот со Дијана Хрка: Сакав…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека лично…
Свештеник во Србија физички нападнат бидејќи ги…
Претседателот на општина Лучани, Миливоје Доловиќ, го…
Студентите во Србија најавуваат нови протести
Пo големиот комеморативен митинг одржан на 1…