Објавено на:

Драматично предупредување од шефот на Генералштабот: „Русија се реорганизира, Европа мора брзо да се подготви за војна“

t

Шефот на француската војска, Фабиен Мандон, предупреди дека Европа мора да се подготви за можен воен конфликт со Русија пред 2030 година. Тој оцени дека војната може да се случи во рок од три до четири години.

„Знам дека Русија воено се реорганизира за да биде способна за борба против земјите на НАТО. И ние мораме да се подготвиме“, изјави Мандон во интервју за водечкиот француски дневен весник Quest-France, пренесува агенцијата Anadolu.

Тој додаде дека претседателот Емануел Макрон побарал да предложи опции за континуирана заштита на францускиот народ и интересите на земјата. Мандон нагласи дека француската војска мора да биде подготвена за конфликт за три до четири години.

„Го гледам развојот на Русија – во 2008 година ја нападна Грузија, во 2014 година го анектираше Крим, а во 2022 година беше Украина. Русија ја смета Европа за слаба“, истакна Мандон, додавајќи дека слични процени имаат и разузнавачките служби на Германија, САД и Обединетото Кралство.

Тој нагласи дека ваков конфликт бара многу повеќе од вооружени сили – потребна е целата земја зад нив. „Русија ги проучувала нашите општества и знае дека нашата сила е единството. Ако успее да нè фрагментира и раздели, може да победи“, рече Мандон.

Како примери за обиди за дестабилизација на француското општество, тој ги наведе лажните ковчези поставени во јуни пред Ајфеловата кула и свински глави оставени во септември пред неколку џамии во Франција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматично предупредување од шефот на Генералштабот: „Русија…

Шефот на француската војска, Фабиен Мандон, предупреди…

Николоски: Силно сме посветени на туризмот

Развојот на туризмот останува врвен фокус на…

Муцунски: Политиката се повлече од Македонско-бугарската историска…

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска…

Руска академија на науките: Силен блесок е…

Силен блесок е забележан на Сонцето насочен…

Важно ако патувате во Грција: Казната ќе…

Грција најави нов, автоматизиран систем за контрола…