Парламентот на Црна Гора одобри учество на војската во мисијата на НАТО за поддршка на Украина

t

Парламентот на Црна Гора денеска гласаше за испраќање црногорски војници во мисијата за помош на НАТО во Украина. Ова беше одлучено на денешната седница.

44 пратеници гласаа „за“, додека пет беа против, а двајца беа воздржани, објавува „Вијести“.

Пратениците од Демократската партија на социјалистите (ДПС), Движењето „Европа сега“ (ПЕС), Демократска Црна Гора, Социјалдемократите (СД), Новата српска демократија (НСД), Граѓанскиот сојуз „ЦИВИС“, Албанскиот форум, Бошњачката партија и независните пратеници гласаа „за“ оваа одлука.
Пратениците од Демократската народна партија (ДНП) и пратеникот на Единствена Црна Гора, Владимир Добричанин, беа „против“, додека пратениците од Социјалистичката народна партија (СНП) се воздржаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…