Фондот за ПИОМ се загрижи за иселувањето на младите – се намалува бројот на идни плаќачи на придонеси

t

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, на меѓународната конференција „Одржлив пензиски систем – две децении прогрес“, во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови на Северна Македонија.

„Еден од најголемите предизвици е дефицитот во буџетот на Фондот, кој се провлекува со години, кој е резултат на повеќе чинители, меѓу кои недоволниот број на осигуреници наспроти се поголемиот број на пензионери, издвојувањата од придонесот за ПИО за вториот столб, како и придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, што паѓа на товар на Фондот“, рече тој.

Мемов посочи дека други предизвици кои имаат и ќе имаат сѐ поголемо влијание во наредниот период е стареењето на населението и намалувањето на работоспособното население поради помалиот наталитет со кој се соочува државата, како и иселувањето, особено на младите лица.

Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов нагласи дека првата и основна мерка за консолидирање на финансиската состојба на пензискиот систем е економскиот раст на земјата и отворање на нови работни места. Тој рече дека е невозможна консолидација на само еден сегмент, т.е само на пензискиот систем и е потребно да се гледа големата слика, зашто системите се поврзани и зависат еден од друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за…

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ)…

Миноски: Системската неправда ја руши довербата во…

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, во…

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна…

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка…

Филипче: Како да задржиме млад човек во…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…