Мерц: Младите Украинци да не доаѓаат масовно во Гермнија – потребни се таму, во Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор денес да се погрижи младите луѓе од Украина да не доѓаат масовно во Германија. „Тие се потребни таму, во Украина“, повтори Мерц подоцна на трговскиот конгрес во Берлин.
Членовите на Европската унија регистрираа пристигнување на 79.205 украински бегалци во септември, најмногу за еден месец од август 2023 година, според податоците на Евростат. Агенцијата за статистика на ЕУ го објаснува ова со одлуката на Украина од август 2025 година да им дозволи на мажите на возраст меѓу 18 и 22 години слободно да ја преминуваат границата.
Повеќе од 1,2 милиони украински бегалци, или 28,3 проценти од вкупниот број бегалци во ЕУ, моментално се сместени во Германија, објави Евростат во соопштението оваа недела. „Германската влада, исто така, има намера да ги промени бенефициите за украинските бегалци, така што стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“, објави Мерц.
Според предложениот закон, кој се очекува да биде одобрен од владата следната недела, Украинците кои дошле во Германија по 1 април 2025 година ќе добиваат пониски бенефиции од оние што ги добиваат барателите на азил, наместо сегашните бенефиции за невработеност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…
Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Крајнодесничарската АФД со најголеми шанси за победа…
На помалку од еден месец пред важните…
Германија пријави рекорд од речиси 14.000 видувања…
Германија бележи невиден рекорд во бројот на…