Објавено на:

Би-Би-Си му се извини на Трамп за монтажата на говорот

t

Би-Би-Си синоќа му се извини на Доналд Трамп за монтажата на говорот во кој изгледа како тој да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстранат заканата од судска постапка.

Би-Би-Си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува документарецот.

„Иако Би-би-си искрено жали за начинот на кој е монтиран клипот, цврсто веруваме дека нема основа за тужба за клевета“, соопштија од Би-Би-Си.

Протекувањето на внатрешни обвинувања за пристрасност во Би-Би-Си, вклучително и како говорот на Трамп во 2021 година бил монтиран на денот кога неговите поддржувачи го преплавија Капитол, ги принуди двајца од неговите врвни директори да поднесат оставки, а Трамп да се закани со тужба од милијарда долари.

Дента кога се појави скандалот генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на Би-Би-Си њуз, Дебора Тернес, поднесоа оставки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп: Се чини дека секој пат кога…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…