Најголемиот дом, најголеми проблеми: Што се случува во „Гоце Делчев“?
Лошите услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“ повторно излегуваат во јавноста, а студентите велат дека секојдневно се соочуваат со проблеми кои со години не се решаваат. Дел од овие проблеми редовно се документираат и објавуваат и на социјалната мрежа „Инстаграм“ на профилот „СД. Гоце Делчев“, каде студентите споделуваат фотографии и видеа од реалната состојба во домот.
„Ги нема основните услови, лифтовите не функционираат и куферите треба да ги носиме до 15-ти кат. Пералните и кога работат се ограничени од страна на вработените. Храната е катастрофа, оброците се мали и со лош квалитет. Има студенти кои се зависни од храната во домот, односно не можат да си дозволат да си купат нешто дополнително“, сведочи за „Фокус“ Ангел, студент од внатрешноста на Македонија кој веќе четири години живее во домот.
На истото укажува и Маринела, студентка која била сместена во „Гоце Делчев“ во изминатите години. Според неа, проблемите не се нови – туку „долгогодишни и постојани“.
Проблемите што ги посочува Ангел се само дел од она што студентите секојдневно го споделуваат на социјалните мрежи: нефункционални лифтови, преполни и често нефункционални перални, неисправни санитарии и оброци што, според студентите, не го исполнуваат ни минималниот квалитет.
Иако „Гоце Делчев“ е најголемиот студентски дом во земјава и прима илјадници студенти, институционалното одржување и реакција на пријавите, според станарите, е недоволно и бавно.
Студентите велат дека со години апелираат, но без видливи резултати. Додека институциите меѓусебно си ја префрлаат одговорноста, станарите на „Гоце Делчев“ и натаму живеат во услови далеку под секој нормален стандард. Тие бараат итна интервенција и системски промени, предупредувајќи дека досегашното игнорирање на проблемите само ја продлабочува кризата во студентскиот стандард.
ИЗВОР: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОМ: Мицкоски во работно време креира коалицијата,…
Зелената партија ДОМ го осудува срамното однесување…
ДОМ ќе се изјасни за францускиот предлог…
Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката…
Првпат ја отвори вратата на вилата на…
Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…