Скопјанец нападнал дете со тупаници и клоци, па му ги исекол гумите на велосипедот

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик.

Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете.

Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото.

Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.

Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец нападнал дете со тупаници и клоци,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Најголемиот дом, најголеми проблеми: Што се случува…

Лошите услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“…

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како…

Претрес во Гостиварско – пронајден пиштол, приведено…

МВР информира дека вчера во 03:50 часот…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…