Запленети 2.500 инфузиски сета –10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните

t

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови.

„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка”, истакна Николовски.

Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети 2.500 инфузиски сета –10 илјади парчиња…

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли,…

Песков: Русија нема да ја заборави помошта…

Русија никогаш нема да ја заборави помошта…

Скопјанец нападнал дете со тупаници и клоци,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Најголемиот дом, најголеми проблеми: Што се случува…

Лошите услови во студентскиот дом „Гоце Делчев“…

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како…