Објавено на:

Америка ќе депортира Украинци

t

САД подготвуваат голема депортација на Украинци – според Олга Стефанишина, украинската амбасадорка во САД. Станува збор за приближно 80 Украинци, објавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на амбасадорот.

„Администрацијата на Трамп се подготвува да депортира голем број Украинци – изјави Олга Стефанишина, украинската амбасадорка во САД.

Таа изјави дека амбасадата е информирана за „приближно 80 Украинци“ кои добиле конечни наредби за депортација „поради кршење на американските закони““, објавува весникот.

Во светлината на информациите за можна депортација на украински државјани од САД, Киев изјави дека Вашингтон може да протера колку што сака луѓе и дека ќе „најде употреба за нив“, нагласи весникот, повикувајќи се на неименуван советник на Володимир Зеленски.

Претходно Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, објави дека Киев е подготвен да се послужи со сите средства, вклучително и информативни провокации, за да ги врати младите Украинци од европските земји како потенцијални регрути за армијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка ќе депортира Украинци

САД подготвуваат голема депортација на Украинци –…

Мицкоски повторно се дистанцира од минималната плата…

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната…

Запленети 2.500 инфузиски сета –10 илјади парчиња…

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли,…

Песков: Русија нема да ја заборави помошта…

Русија никогаш нема да ја заборави помошта…