Државно земјиште за бензинска станица продадено на партиски донатор во Ново Село
Целина на парцели од 18.881 метри квадратни државно земјиште со намена за изградба на бензинска станица на потег кон граничниот премин кон Бугарија на територијата на општина Ново Село е прoдадена на бизнисмен од Босилово кој во 2021 бил официјален партиски донатор на ВМРО-ДПМНЕ на тогашните локални избори, пренесува Фактор.
Продажбата на градежното неизградено земјиште со одлука за отуѓување на Владата во мај е извршена во јуни преку електронско јавно наддавање, а сега парцелите му припаѓаат на „ДПТУ Ассет Манчеви Дооел“ во сопственост на Никифор Манчев.
Земјиштето се наоѓа во близина на индустриската зона Ново Село на магистралниот пат кој води кон најјужниот граничен премин со Бугарија. Фирмата „ДПТУ Ассет Манчеви Дооел“. е регистрирана истиот месец по одобрувањето на отуѓувањето од Владата, а по еден месец од основањето, прифатена е понудата за купување на наддавањето организирано од општината Ново Село.
Во владината одлука за отуѓување стапена во сила од 9 мај пишува дека станува збор за одобрување „согласно Изводот од Државна урбанистичка планска документацијаза изградба на Е2-Комунална супраструктура-бензинска пумпна станица на КП бр. 4078, КП бр. 4083 и КП бр. 4084, место викано Кошутица, КО Ново Село вон град, Општина Ново Село, со тех. бр. 161/12 од 20 февруари 2016 година, одобрена од Министерството за транспорт и врски со Решение бр. 24-958/3 од 26.2.2016 година, за изградба на објекти од јавен интерес со намена Е2-Комунална супраструктура-бензинска пумпна станица“.
Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божиков, кој за прв пат победи на локалните избори во својата општина во 2021, а на последните доби уште еден мандат, не сакаше да даде официјална изјава, но ни рече дека инвестицијата е дел од многу други проекти за развој на заедницата
„Фактор“ на почетокот на оваа недела испрати барање до Општина Ново Село за постигната сума за која е купено градежното земјиште. Досега не е возвратено на барањето за информација од јавен карактер.
Неофицијално, Никифор Манчев, според договорот, треба да ја изгради бензинската станица во рок од една година по купувањето на вкупната парцела.
Манчев на претходните локални избори донирал речиси 10.000 евра за партијата.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Државно земјиште за бензинска станица продадено на…
Целина на парцели од 18.881 метри квадратни…
Полицаец си пукал во рака додека го…
Вчера во 14:05 часот во Полициската станица…
БГНЕС: Од „Бугарите се нецивилизирани бедници “…
По потпишувањето на договорот за изградба на…
Мицкоски повторно се дистанцира од минималната плата…
Дали ќе има интервентно зголемување на минималната…
СДСМ: Да се објави кои клиники и…
Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој…