РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ДО 700 ЕВРА
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како единствен репрезентативен синдикат во државата, на 11 и 12 ноември 2025 година, спроведе Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија.
Целта на оваа анкета е да се утврди мислењето на работниците за тоа дали постои потреба од зголемување на минималната плата и кои активности треба да ги преземе ССМ во наредниот период.
Со репрезентативен примерок од 1613 испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) во период од 24 часови, Анкетата за висината на минималната плата во Македонија ги даде следните резултати:
На прашањето Колку треба да изнесува минималната плата, од 1613 одговори 45,2% сметаат дека минималната плата во Македонија треба да се зголеми на 600 евра, 42% од испитаниците сметаат дека истата треба да изнесува над 700 евра, а 12,8% од испитаниците сметаат дека минималната плата во Македонија треба да изнесува 500 евра.
99,5% од испитаници (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) сметаат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година.
52,8% од испитаниците (работници, граѓани, членови на органите и телата на синдикатите) доколку не се зголеми минималната плата се спремни да протестираат, а 47,2% се спремни да штрајкуваат, односно сите испитаници сметаат дека доколку не се зголеми минималната плата треба и да се протести и да се штрајкува.
Заклучокот од Анкета за потребите на работниците во однос на растот на минималната плата во Република Македонија е дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку потреба на работниците во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РАБОТНИЦИТЕ БАРААТ МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ДО…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како…
СДСМ го прифати предлогот на Филипче, Александар…
Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен,…
Русите составија ранг-листа на непријателски влади
Рускиот интернет весник Взгляд објави ранг-листа на…
Дијана Хрка повторно примена во болница
Општата болница „Медигруп“ објави дека Дијана Хрка…
(Видео) Автомобил се заби во група луѓе…
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во…