Сијарто: Место да ја финансира воената помош за Украина, Унгарија ќе ѝ даде 1,5 милиони евра на либанската војска
Унгарија ќе ѝ додели 1,5 милиони евра на либанската војска наместо да учествува во финансирањето на воената помош за Украина, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата во Бејрут со неговиот либански колега Јусеф Раџи.
„Му кажав на Јусеф Раџи дека национален безбедносен интерес на Унгарија е мирот на Блискиот Исток, а стабилноста на Либан е клучна за тоа. Нашиот удел во Европскиот инструмент за мир нема да го користиме за вооружување на Украина. Наместо тоа, пренасочуваме 1,5 милиони евра за поддршка на либанските вооружени сили,“ напиша шефот на дипломатијата на својата страница на „Икс“.
Унгарската влада повеќепати изјави дека се спротивставува на користењето средства од Европскиот инструмент за мир за финансирање на воената помош на ЕУ за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…