Хорор во Србија: Убиени се татко и син, ранети се мајката и другото дете – полицијата го бара убиецот

t

Татко и неговиот 44-годишен син М.Л. биле убиени во семејната куќа во селото Завидинце во близина на Лесковац денес околу 16 часот. Полицијата ги пронашла нивните тела, како и двајца ранети, мајката С.Л. и братот на убиениот син М.Л.

Несреќната жена е ранетa во главата и таа го пријавила случајот во полиција, објави „Блиц“.

При повикот до полицијата, таа навела дека смртоносните повреди ги нанел извесен С.М. Полицијата го затекла осомничениот С.М. и тој веднаш бил приведен.

Сè уште не е познато кој е вистинскиот сторител, но полицијата сомничи неколкумина и врши проверки.

Жителите на Завидинци велат дека не знаат што точно се случило бидејќи злосторството се одвивало на периферијата на селото.

„Тоа се фини луѓе, татко, мајка и двајца синови. Едниот од нив имаше сериозни здравствени проблеми поради кои никогаш не излегуваше од куќата. Последен пат го видов пред околу 15 години. Слушаме дека некој од нивното семејство е убиен, но сè уште не знаеме точно што се случило. Во селото кружат разни верзии: според една, напаѓач е синот, а според друга, во нив пукал сосед. Во секој случај, многу сме уплашени зашто не знаеме дали напаѓачот е на слобода. Ја повикав полицијата, никој не ми се јави, а сакав да дознаам дали сме безбедни и што се случува. Пријатели и роднини постојано нè бараат затоа што се загрижени, а ние не знаеме што да кажеме бидејќи ни самите не знаеме што точно се случило,“ наведе жителка на Завидинци за локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Србија: Убиени се татко и…

Татко и неговиот 44-годишен син М.Л. биле…

“Протече” тајниот договор меѓу Владата на Србија…

Владата на Србија и фирмата на Џаред…

Вучиќ по средбата со Макрон: Белград конечно…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Дијана Хрка вознемирена по вознемирувачки повик до…

Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан…

Средба на Макрон и Вучиќ во Париз

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во…