Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел

t

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на медиумите во Тел Авив, кои, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавиле дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала, објавија медиумите во Тирана.

Не само тоа, туку како дел од овој договор, „Елбит“ ќе ѝ помогне на Албанија да го развие сопственото домашно производство на воено оружје.

-Деталите од договорите остануваат тајна. Те се од доверлива природа и не можеме да дадеме детали, но во парламентарната комисија за безбедност рековме дека Албанија ќе биде опремена со такво оружје. Државната компанијата „KAYO“ е таа што се занимава со овој процес, рекол албанскиот министер за одбрана, Пиро Венгу, во врска со оваа можна соработка.

Израелските медиуми не наведуваат дополнителни детали за вредноста на овој договор, но нагласуваат дека тој е во рамките на зајакнување на односите меѓу Израел и Албанија.

Албанија на 10 месецов стана 64-та земја што се приклучи на Фондацијата на сојузници на Израел (ИАФ), формирајќи посебна парламентарна група во чиј состав се пратеници од сите пратенички групи.

„Копретседатели на групата ќе бидат Ромина Куко од Социјалистичката партија и Газменд Барди од Демократската партија, што претставува ретка меѓупартиска иницијатива и ја симболизира долгата традиција на албанска поддршка на еврејскиот народ и државата Израел, пренесоа тогаш медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе биде опремена со напредно воено…

Албанија ќе биде опремена со напредно воено…

Италија може да побара од Албанија што…

На заедничката прес-конференција во Рим на албанскиот…

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро…

Центрите за обработка на барања за азил…

Албанија ги отвори сите кластери во преговорите…

Албанија го отвори и последниот 5-ти кластер…

Макрон и Абас: Плановите на Израел за…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…