Сиљановска: Во предметот физичко образование да вклучиме и планинарење

t

Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата по Физичко образование во сите образовни институции и степени, туку и масовно се практикува како елемент на филозофијата на здрав живот. Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во негово омасовување. Да му посветиме поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени на образование и да вклучиме во него искачување на планина, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

-Да изградиме, во соработка со локалната самоуправа соодветна инфраструктура, планински домови, куќички, видиковци, но и поголеми сместувачки капацитети, одморалишта, хостели, хотели. Знам дека имаме скромни капацитети и можности, но може да почнеме со реновирање на планински домови, а потем и со градење нови. Свесна сум дека се работи за големи инвестиции, но со очекувана сигурна добивка и придобивка за сите граѓани. Не ни требаат светски примери од далеку, доволно е да ги видиме и следиме примерите од соседството за односот кон планините и природата, кон планинарењето и спортот – рече Сиљановска.

Таа апелираше да се афирмира филозофијата на здрав живот и да се направи култ од планинарењето меѓу младите.

-Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и да ги насочиме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење – потенцираше Сиљановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе добие поддршка од Египет за…

Македонија ќе добие поддршка во напорите за…

Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…

Македонец освои прво место на престижен светски…

Група студенти од Универзитетот во Марибор, Словенија,…

Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…

Во новата учебна година се запишале 500…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…