Српската влада ќе заседава секојдневно поради санкциите за НИС

t

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут на седница на Владата во врска со моменталната состојба со НИС изјави дека Владата ќе се состанува секојдневно бидејќи, како што изјави, Србија е во кризна состојба од прв степен.

„Мораме да ја одржиме стабилноста како државен систем во однос на јавните услуги и сè што е поврзано со секојдневното јавно работење и сигурно ќе работиме на одржување на динамиката во Владата. Ќе се состануваме во оваа ситуација, која е навистина кризна состојба од прв степен, секојдневно, како што предложивте“, рече Мацут.

Тој му се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ за неговата проценка на состојбата во која се наоѓа Србија, како и на надлежните министри.

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, на седницата изјави дека доколку е потребен ребаланс на буџетот, Парламентот ќе реагира брзо. Претседателот Александар Вучиќ се надоврза на изјавата на Брнабиќ, велејќи дека верува оти секој граѓанин на Србија го разбира ова и дека „оние кои размислуваат поинаку“ мора да го разберат тоа.

„Гледам дека тие бараат само национализација, национализација. Нашата политика е поинаква. Нашата политика е партнерство и пријателство. Со Руската Федерација мора да почекаме до последен момент“, нагласи Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската влада ќе заседава секојдневно поради санкциите…

Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут на седница…

Вучиќ: Решение за НИС во следните седум…

Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласи дека одлуката…

Српската министерка за енергетика е подготвена да…

Во врска со ситуацијата во врска со…

Итна седница на српската Влада по американскиот…

Денес во Палатата на Србија ќе се…

Дијана Хрка повторно примена во болница

Дијана Хрка, која штрајкува со глад во…