Ново поскапување на горивата од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,5 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета. Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,806 денари по килограм и ќе се продава по 35,621 денари за килограм.

Регулаторите соопштуваат дека корекциите се резултат на движењата на нафтените деривати на меѓународните берзи и курсот на доларот.

Цената на бензинот и дизелот никогаш не била поблиску во последните повеќе од една ипол година. Најблиску дизелот и бензиниот со цените биле во февруари 2024 година кога разликата меѓу нив била 1,5 денари. Тогаш бензинот се продавал за 79,5 денари а дизелот за 78,5 денари по литар.  Во моментов дизелот и бензинот се 2,5 денари разлика а од полноќ дизелот ќе биде поевтин за 3 денари од дизелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦИА не се сретна со…

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…

БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…

Во време на долги топлотни бранови, континентални…

Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…

Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…

Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…

Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…

Прскање против комарци во пет општини во…

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…