Министерот Тошковски итно хоспитализран во „Мајка Тереза“, моментално е во стабилна состојба
Вчера кратко пред полноќ, Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со возило на Итна медцинска помош беше пренесен на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил итно хоспитализиран.
Денеска се огласи на својот Фејсбук профил и ја извести јавноста дека имал успешна хируршка инетревнција и е во стабилна состојба.
“Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.
Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.
Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет.“ – пишува Тошковски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…