Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

t

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека следната недела во Собранието, во својство на претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, планира да закаже посебна комисиска седница на која ќе се разгледува добиената претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани.

-Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите, објави Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, додава Апасиев, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница…

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев,…

„Супорт Кочани“: Речиси 11 милиони денари распределени…

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е…

Родителите на загинатите во „Пулс“ за судењето:…

Со болка во срцата, но со цврста…

Родителите ги прекинуваат блокадите во Кочани откако…

По закажувањето на судското рочиште за трагедијата…