Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре.
Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.
Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без сензационализам, со почит кон жртвите и нивните семејства.
Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.
Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.
Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре почнува судскиот процес за трагедијата во…
Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во…
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница…
Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев,…
„Супорт Кочани“: Речиси 11 милиони денари распределени…
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е…
Родителите на загинатите во „Пулс“ за судењето:…
Со болка во срцата, но со цврста…
Одобрено обвинението против сопственикот на агенцијата за…
Судот во целост го одобри и второто…