Нов обид за формирање на влада утре во Косово
Седницата на косовското Собрание за избор на новата влада на мандатарот Глаук Коњуфца е закажана за утре попладне во 14 часот, објави парламентот.
Утре е и крајниот рок Коњуфца да им го предложи составот на својот кабинет на пратениците. Според веб-страницата на парламентот, пред тоа ќе се одржи уште една седница, во 11 часот, на чиј дневен ред ќе биде предлогот за буџетот за следната година. Дополнително, на првата седница, пратениците, меѓу другото, ќе го разгледаат предлогот за формирање парламентарни комисии и ратификација на Договорот меѓу Косово и ЕУ за Планот за раст.
Мандатарот Коњуфца ги искористи сите 15 дена, што му се загарантирани со Уставот, за да се обиде да обезбеди мнозинство во парламентот. Судејќи според изјавите од најголемите опозициски партии, утре нема да има поддршка за неговиот предлог, па затоа новите парламентарни избори изгледаат како пореално сценарио.
Доколку Коњуфца не ја добие потребната поддршка утре, исто како што лидерот на Самоопределување, Албин Курти, не ја доби во првиот обид на 26 октомври, претседателот ќе распише избори што ќе се одржат во рок од 40 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов обид за формирање на влада утре…
Седницата на косовското Собрание за избор на…
Војса Османи со честитки до Албанија за…
Косовската претседателка Вјоса Османи им честиташе на…
Протест во поддршка на поранешните лидери на…
Денес во Стразбур се одржа протест во…
Османи: ЕУ како да не го гледа…
Косовската претседателка Вјоса Османи ја критикуваше Европската…
Косовската министерка за трговија, Хајдари обвинета за…
Косовската министерка за трговија Розета Хајдари и…