Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е идентификуван сторителот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Од средишната шахта на булевар „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи.
„Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба. Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина“, објави Ѓорѓиевски.
Земени се проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице.
„Утре, детално ќе биде анализиран елаборатот за животна средина кој субјектот е должен да го поседува, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во неговите оперативни процеси.
Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки.
Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите“, стои во објавата на градоначалникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се излеа хемиска пена на булевар во…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека…
Сообраќајка кај Горно Лисиче, се преврте автомобил…
Двајца повредени во сообраќајка што утрово се…
Хорор во Скопје: Манијак од Волково принудувал…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт…
Лошото време во Скопје ја „приземји“ жичницата…
Жичницата на Водно денеска нема да биде…
ЕК започнува кампања за проширувањето, а шефот…
Европската комисија на чело со комесарската за…