Татко на едно од загинатите деца во ,,Пулс”: Стравуваме дека и нашиот случај ќе заврши како ,,Ласкарци”, Беса транс” и ,,Модуларната болница”
Во судницата во Идризово денеска започна судскиот процес за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 63 лица.
Покрај обвинетите и бранителите во судницата се присутни и семејствата на загинатите, новинари од земјата и од странство, претставници на ОБСЕ, како и претставници на неколку амбасади.
Родителите на загинатите деца стравуваат дека и овој случај може да да заврши како ,,Ласкарци”, Беса транс” и ,,Модуларната болница” и правдата нека да излезе на виделина. На самиот старт на денешното прво рочиште, таткото на загинатиот Андреј Стојанов, посочи дека стравуваат дека ќе бидат изманипулирани.
-На самиот старт на судското рочиште наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра шема на претставници на адвокати и на обвинети кои манипулираат на разни можни начини нашата болка уште да ја продлабочи. Ние сме направени како фигури и бидејќи нашите деца ги нема и нас да не снема на еден начин, така кажано, за да нема ни кој да оди на нивните гробови.
Ме чуди со која свест и кое лице адвокатите на обвинетите се ситат и ќе земат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судење ќе трае 15- 20 години. За нас 15 дена или 15 месеци се многу. Веќе одсум месеци поминаа.
Сега ние родителите се чувствуваме изманипулирани на еден начин и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како судењата за Ласкарци, ќе излезе како трагедијата со автобусот во Бугарија, како модуларна болница.
А кога имавме средби со премиерот, две и со министерот за внатрешни работи исто така две, ни беше кажано дека случајот во Кочани е крајно што може да биде и е врв на сите криминали и лоши настани.
И мора да се направи еден рез, зошто ако не се направи тај рез, не треба да не има нас како држава.
Е сега ова е е еден според нас родителите од најважните испити за државата, бидејќи гледаме како минува времето, некако нас не забораваат, истакна таткото на загинатиот Андреј Стојанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко на едно од загинатите деца во…
Во судницата во Идризово денеска започна судскиот…
Судот одби одлагање на денешната главна расправа…
Бранителите на повеќе обвинети побараа одложување на…
(Фото) Судијката Груевска Илиевска за случајот „Пулс“:…
Во судницата во Идризово денеска започна судскиот…
Денеска почнува судењето на обвинетите за трагедијата…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…
Мицкоски: Судскиот процес за трагедијата во Кочани…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави…