ДУИ: 600 евра минималец за тие со средно школо – 800 за оние со факултет

t

ДУИ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра за тие што имаат завршено само средно школо, а да биде 800 за оние кои завршиле факултет.

„Синдикатите со право укажуваат дека владата ја држи минималната плата меѓу најниските во регионот. При тоа, во буџетот за 2026-тата година нема предвидено средства за суштинско зголемување на платите.

ДУИ и пратеничката група на Европскиот фронт сметаат дека ова е структурна неправда и огромна економска грешка. Не може власта да очекува продуктивна економија со работници кои живеат на раб на сиромаштијата. Затоа бараме минималната плата да се усогласи со реалните трошоци на живот и за да биде на ниво со регионалниот просек.

390 евра, почитувани, не се доволни за живот. Тие се доволни само за преживување. Затоа минималната плата мора да биде 600 евра за лицата со средно образование, а 800 800 евра за лицата со високо образование.“- рече Блерим Беџети од ДУИ на денешната прес конференција во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…

ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…

Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…

Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…

„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…

Русија се согласила да му испорача на…

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…