Адвокатот Митровски за обвинението за Пулс: Обвинителството тешко ќе го докаже соизвршителството

t

Во продолжение на судскиот процес за случајот што ја потресе јавноста, адвокатот Јанаки Митровски во гостување на Топ Тема на Телма оцени дека обвинението има сериозни структурни слабости, особено во делот на докажувањето на т.н. причинско-последична, односно каузална врска меѓу обвинетите и настанот.

Митровски посочи дека токму ова прашање е „најпроблематично за обвинителството“, бидејќи за да се докаже соизвршителство мора да постојат јасни и недвосмислени докази за заедничко дејствување на сите обвинети.

„За да има соизвршителство, мора да постои заедничко делување и особен, индивидуален придонес на секој обвинет. Во овој случај тоа е практично невозможно да се докаже. Секој што барем минимално го познава кривичното право знае дека ова обвинение е поставено на многу лабава основа“, вели Митровски.

Тој предупреди дека правната конструкција на обвинението е изградена под силен притисок на јавноста и очекувањата на семејствата, што, според него, веќе се гледало во начинот на апсењата — прво на вработени во установи, потоа на полициски службеници.

„Не би ме изненадило и судечкиот совет да биде подложен на овој притисок. Никој не сака да биде изложен на јавен линч“, додаде Митровски, предупредувајќи дека во евентуален повисок суд ваквото обвинение би се соочило со сериозни проблеми.

Според него, доколку некој од обвинетите добие висока казна, „речиси извесно“ е дека случајот ќе заврши и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Во дел од обвинението мора да падне барем за дел од обвинетите — ако системот функционира“, заклучи Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…