Поплави, одрони, вирови и отежнат сообраќај по обилните дождови во Македонија

t

Поплави, одрони, спасувачка акција и отежнат сообраќај. Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика сериозни проблеми за возачите, пешаците и службите.

Повик за спас на две лица заглавени во автомобил рано утрово била првата работна задача за пожарникарите во Старо Нагоричане. Спасувачката акција резултирала успешно. Лицата биле заглавени до бањата во село Стрновац поради излевање на Пчиња.

И Скопје осамна под темни облаци. Сител направи обиколка – дел од улиците претворени во вештачки езера.

Во Козле, жителите едвај успеаја да ги извадат своите автомобили од поплавените паркинзи.

Службите во ЦУК имале полни раце работа.

Синоптичарите предупредуваат дека во последните два дена најмногу дожд наврналo околу Лазарополе. Врнежите од дожд ќе се задржат до крајот на неделата.

Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките особено на Вардар. Поради ваквите состојби службите апелираат на внимателно движење покрај реки и езера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…

Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…

Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

На денешен ден, пред 116 години, во…

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…

Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…