Коцевски за изјавата на Мицкоски: Тоа е политички став, мојата работа и резултати се јавно видливи
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека платите на судиите и обвинителите се строго регулирани со закон и оти единствено законодавецот може да ги менува нивните износи.
Коментарот доаѓа по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека платата на претседател на суд е 180.000 денари и дека правосудството треба да покаже резултати бидејќи е најдобро платено во регионот.
Коцевски нагласи дека обвинителите не можат да влијаат ниту врз платата, ниту врз додатоците. Истакна дека годинава исплатил минимални додатоци – само еден процент во неколку месеци – со цел да избегне судски постапки и да се почитуваат буџетските ограничувања.
Тој оцени дека финансирање од 0,4 проценти од државниот буџет би било доволно за нормално функционирање на обвинителството, иако новиот законски предлог предвидува 0,5 проценти. Во моментов, како што рече, институцијата добива само 0,2 проценти.
Во однос на изјавата на премиерот Мицкоски дека „логичен след би била смена на Коцевски“, државниот обвинител за Сител возврати дека тоа е политички став и дека неговата работа и резултати се јавно видливи. Посочи дека минатата година биле решени над 20.000 предмети, и тоа со значително намален број обвинители.
„Ќе продолжам да работам професионално и законито“, порача Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…
Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…
116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во…
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…