Судењето за „Онкологија 2“ започна одново
Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. На денешното рочиште странките останаа на воведните зборови и се согласија исказите на досега испитаните сведоци да бидат прочитани, по што процесот продолжи со сослушување на сведоци.
Во воведниот збор, бранителот на обвинетиот Никола Васев денеска додаде дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле задолжени други работници во клиниката, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинение.
Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението, кое беше одобрено во јуни годинава.
Според обвинението, Васев и Нухи во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.
Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички монтирано, засновано врз економско вештачење од лица кои и самите се инкриминирани.
Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и друг процес – „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…
Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…
116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во…
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…