Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот на земјата, јави весникот „Коха диторе“.
До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово.
Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот Парламент.
Според косовскиот Устав, претседателот на земјата треба да распише избори, кои мора да бидат организирани во рок од 40 дена од денот на нивното објавување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово оди на нови избори: Османи потпиша…
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ…
Вучиќ за НИС: Русите преговараат со три…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Мицкоски: Владата е одговорна за трошењето на…
Детално периодот го проучувам овој случај, вклучително…
Шок во Киев, најголемиот пријател на Украина…
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Кривични пријави против две лица и фирма,…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…