Вучиќ за НИС: Русите преговараат со три компании, имаат право да продаваат на кого сакаат

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека преговорите за продажба на рускиот удел во НИС се во тек и се водат со три компании, но не кажа кои се тие. Рече дека Русите имаат право да го продадат својот удел на кого сакаат.

„Не можеме да инсистираме на итен откуп, што обично се случува кога некој е малцински сопственик, бидејќи Русите имаат право да продаваат на кого сакаат. Сè што побараа тие, јас потпишав. Вчера имав неколку разговори со американската страна, а комуникацијата е во тек секојдневно. Разговорите се во тек, вклучени се три компании. Ништо не е завршено уште, и сè зависи од тоа кој колку ќе понуди“ рече Вучиќ, пренесе Нова.рс.

Тој објасни дека НИС е во сопственост на руска државна компанија, која поседува 56 отсто од акциите.

„Русите се сопственици, а не ние. НИС е еден од најважните ресурси на земјата. САД воведоа санкции, а јас поминав девет месеци обидувајќи се да постигнам решение, но тие ги поместија роковите. Веќе тогаш јасно ставив до знаење дека понатамошни одложувања нема да бидат прифатени“ додаде Вучиќ.

Порталот Нова.рс неодамна објави дека унгарскиот MOL и националната нафтена компанија од Обединетите Арапски Емирати ADNOC од Абу Даби, се заинтересирани за купување на рускиот удел во НИС.

Министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ вчера изјави дека Русите се согласиле да го продадат својот удел во НИС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…