Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

t

На денешната собраниска комисија, пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија амандманот кон предлог-Буџетот за 2026 година, со кој Левица предложи зајакнување на противпожарната заштита, соопштија од опозициската партија.

– Пратеникот од Левица, м-р Реџеп Исмаил ХАКТАН, во своето излагање истакна дека во овој предлог-Буџет се предвидени само 16 милиони евра за противпожарна заштита, иако опремата со која располага Македонија не само што е застарена, туку дел од противпожарните возила имаат повеќе од 40 години старост.

Со амандманот на Левица се предвидуваше зголемување на средствата во оваа ставка за 3.2 милиони евра, имајќи го во предвид и фактот дека и бројот на вработени пожарникари е драстично под потребниот законски минимум. Пратеникот од Левица потенцира дека додека власта одвојува 100 милиони евра за НАТО, Македонија секоја година има огромни загуби поради слабости во справувањето со пожарите – нема центар за обука за пожарникари, нема соодветна противпожарна опрема, нема системи за детекција.

Со дрското одбивање на овој амандман од страна на власта на Мицкоски, очекувано е дека и наредната година државата нема да има капацитет да се справи со пожарите и повторно последиците ќе се милионски штети по шумскиот фонд. Сето ова е резултат на погрешните приоритети на власта кои се отсликуваат и во овој предлог буџет, каде повторно се издвојуваат недоволни средства за зајакнување на капацитетите за противпожарна заштита, која единствено функционира со донации за опрема и возила. – стои во соопштението на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Власта го одби амандманот за зголемување…

На денешната собраниска комисија, пратениците од владејачкото…

Левица: Јорданов се пишмани – Општина Штип…

Одлуката штипскиот Дино парк да падне во…

Нов обид за формирање на влада утре…

Седницата на косовското Собрание за избор на…

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа…

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа…

Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст…

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската…