Постојанaта претставничка на Украина во ОН: Киев е подготвен да работи на американскиот мировен план
Украина е подготвена да работи на американскиот план за мирно решавање на конфликтот, изјави вршителот на должноста постојан претставник на Украина во ОН, Христина Гајовишин, истакнувајќи дека Киев во исто време инсистира на принципиелна позиција во однос на своите територии и суверенитет.
За време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, што се одржа по рускиот напад врз Тернопол, во кој беа убиени најмалку 28 лица, таа нагласи дека ниедна привремено окупирана територија не може да се признае како руска, а земјата го задржува правото на самоодбрана и одредување на сопствената безбедносна политика.
„Иако Украина е подготвена да се вклучи во значајни преговори за завршување на оваа војна, нашите „црвени линии“ се јасни и непроменливи и никогаш нема да има никакво признавање, официјално или на друг начин, на привремено окупираните украински територии како руски“, рече Гајовишин, според украински Интерфакс. Таа истакна дека Украина не прифаќа ограничувања на своето право на самоодбрана или на големината и потенцијалот на нејзините вооружени сили и нема да се согласи на какво било повредување на нејзиниот суверенитет, вклучително и правото да избере во кој сојуз да се приклучи.
„Светот бара зајакнување на безбедноста и континуирана финансиска помош за Украина. Зајакнувањето на одбранбените капацитети на Украина не е ескалација, туку единствен начин да се охрабри Русија конструктивно да учествува во меѓународните мировни напори“, вели Гајовишин. Како што наведе таа, запирањето на руската агресија е можно само преку економски, политички и воен притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постојанaта претставничка на Украина во ОН: Киев…
Украина е подготвена да работи на американскиот…
Русија тврди дека го освоила Купјанск
Руската војска вечерва објави дека го освоила…
Зеленски: Подготвени сме, сметаме на помошта од…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва се…
Георгиев: Бугарија остро ги осудува руските напади…
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георги…
ЕУ против мировниот план на САД со…
Земјите од Европската Унија (ЕУ) се изјаснија…