Александар Вучиќ е вмешан во “Сараево сафари“ ?
Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно патувале во главниот град на Босна и Херцеговина за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 90-тите години.
Последната недела обвинителите во Милано почнале истрага насочена кон идентификација на Италијанците, кои наводно се вмешани, под обвиненија за доброволно убиство под околности – суровост и ниски побуди, пишува „Гардијан“. Се тврди дека Александар Вучиќ бил присутен на една од воените позиции над градот од каде што се вели дека странците платиле за да пукаат во неговите жители за време на опсадата од 1992 до 1996 година.
Тврдењата против Вучиќ – кои тој енергично ги негира – ги изнесе Домагој Маргетиќ, хрватски истражувачки новинар. Тој поднесе тужба против претседателот до италијанските обвинители, кои веќе истражуваат обвинувања дека Италијанци, Руси и Американци учествувале во „човечки сафари со снајпер“ за време на конфликтот.
Домагој Маргетиќ, хрватски истражувачки новинар
„Го информирав јавното обвинителство за сите мои сознанија за поврзаноста на Александар Вучиќ со сафари со луѓе во воено Сараево. Ги приложив сите докази, видео материјали, фото документација, аудио и видео документација, како и медиумска документација од тоа време“.
Според истражителите, групи снајперски туристи наводно учествувале во масовни убиства откоко плаќале големи суми пари на војници од армијата на Радован Караџиќ, поранешниот лидер на босанските Срби, кој во 2016 година е прогласен за виновен за геноцид. Повеќе од 10.000 луѓе биле убиени во Сараево од гранатирање и снајпери меѓу 1992 и 1996 година и тоа се смета за најдолга опсада во модерната историја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…