Пожарот во напуштената зграда на „Вјесник“ го подметнале двајцата 18-годишници кои биле инспирирани од ТикТок предизвик

t

Две лица на 18-годишна возраст се осомничени дека го предизвикале катастрофалниот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб, соопшти загребската полиција по завршената кривична истрага. Тие се товарат за тешки кривични дела против јавната безбедност како и загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие.

Според истрагата, двајцата осомничени влегле во објектот заедно со уште неколку малолетници. Групата, инспирирана од ТикТок предизвик за фотографирање во напуштени простории, се качила до 15-ти кат, кадешто, според сомневањата, е запалено картон полн со хартија. Пожарот брзо се проширил, предизвикувајќи голема материјална штета и целосно компромитирајќи ја стабилноста на објектот.

Еден од осомничените, целосно ја негира вината. Тој тврди дека не видел кој го предизвикал огнот и дека пожарот го забележал дури подоцна. Другиот 18-годишник се предал сам во текот на денот.

Во меѓувреме, уште едно лице поврзано со настанот се предало на полицијата и е под надзор. Уапсениот тинејџер денес беше спроведен на испрашување во Општинското државно обвинителство, а истражниот судија треба да одлучи дали ќе му биде определен притвор.

Случајот отвори сериозни прашања за заштитата и надзорот на напуштените објекти во Загреб, кои сè почесто стануваат цел на младински групи инспирирани од социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…

Пожари се активни во пет општини во…

Кисела Вода има прилив на првачиња и…

Кисела Вода е општина што има прилив…

Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…

Автобус со 84 српски туристи излетал од…

Автобус со 84 патници, сите државјани на…

Спречен нов масовен обид за илегален влез…

Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…